Втора лигаФудбал

Стефан Бабунски е прво засилување на Брегалница

Сподели
Сподели

Штипскиот второлигаш Брегалница го официјализира своето прво зимско засилување за пролетниот дел од сезоната во Втората лига. Станува збор за 23-годишниот офанзивец Стефан Бабунски, кој пристигнува од Детонит Плачковица, второлигаш од Радовиш.

Бабунски ќе ја зајакне конкуренцијата во нападот на Брегалница. Во својата досегашна кариера, тој има настапувано за екипите на Еуромилк ГЛ, Брера Струмица, Плачковица, Каменица Саса и Детонит Плачковица, од каде и се приклучува на штипскиот тим.

Раководството на клубот најавува дополнителни засилувања во претстојниот период, со цел да се задржи високото второ место на табелата или да се избори за првото место, што би овозможило директен влез во Првата лига и брзо враќање во македонската фудбалска елита.

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика за битката за опстанок – Работнички и Шкупи влегуваат во паузата...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во Виница славеше со 0:2 над Слога во последниот меч за есенската...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!