Втора лигаПрва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Започна изградбата на новиот терен со вештачка трева во Кочани, во склоп на Градскиот стадион

Сподели
Сподели



Денеска започна изградбата на фудбалскиот терен со вештачка трева на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, проект кој се реализира како донација од општествено одговорната компанија Моцарт.

Новиот терен ќе претставува значајно подобрување на условите за работа со младите категории во Кочани. На него своите тренинзи ќе можат да ги реализираат младите фудбалери и фудбалерки од ГФК Осогово и ЖФК Кочани, добивајќи простор создаден токму за нивниот развој.

Теренот треба да биде место каде најмладите ќе тренираат во подобри услови, ќе ги усовршуваат своите фудбалски вештини, ќе стекнуваат нови пријателства и ќе ги прават првите чекори кон своите спортски амбиции и идни успеси.

Претседателот на советот на општина Кочани, Александар Андов ја истакна важноста на вложувањето во младите категории, со надеж дека токму од новиот терен ќе произлезат идните носители на фудбалот во градот, но и потенцијални репрезентативци на Македонија.

„Верувам дека токму од овој терен ќе израснат нови генерации кочански фудбалери кои еден ден ќе го носат дресот на Осогово, но и на македонската репрезентација. Кога вложуваме во младите вложуваме во иднината на Кочани! Благодарност до Mozzart за оваа значајна донација и за општествената одговорност кон нашиот град“, вели Александар Андов, претседател на советот на општина Кочани.

Изградбата на теренот со вештачка трева претставува инвестиција во иднината на кочанскиот фудбал, а младите категории на ГФК Осогово и ЖФК Кочани во периодот што следува ќе добијат ново место за тренинг, развој и создавање на нови фудбалски приказни.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре,...

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!