Втора лигаПрва лигаФудбал

Вардар казнет со 3.000 евра и меч без публика, суспензии и за низа фудбалери

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија ги разгледа пријавите и извештаите од одиграните натпревари во МФЛ и донесе повеќе одлуки за изрекување дисциплински мерки кон фудбалери, тренери и официјални лица.

На фудбалерот на ФК Башкими 1947, Габриел Тенелеп, му е изречена забрана за настап на три натпревари, додека Биљал Исени и Бесјан Алију ќе паузираат по два натпревари.

На фудбалерот на ФК Брегалница 2008, Методи Максимов, му е изречена забрана за настап на еден натпревар.

Енис Фазлагиќ од ФК Шкендија Арачиново доби суспензија од два натпревари.

На тренерот на ФК Шкупи 1927, Исмаил Ферди, му е изречена забрана за вршење функција на два натпревари, додека Иван Варадиноски доби забрана за вршење функција во траење од еден месец.

Омер Сулејмани од ФК Македонија ЃП 1932 е суспендиран на еден натпревар.

Дисциплинската комисија воедно поведе постапка против Дурим Хида поради недолично однесување на натпреварот ФК Скопје – ФК Башкими 1947.

Дисциплинска постапка е поведена и против претставникот на ФК Башкими 1947, Ергин Шерифи, поради вербална расправија и недолично однесување кон судиите на истиот натпревар.

На комет администраторот на ФК Башкими 1947, Бесим Мустафи, му е изречена забрана за вршење функција во траење од еден месец.

На фудбалерот на ФК Шкендија, Ислами Дрилон, му е изречена забрана за настап на еден натпревар.

Рифадов Асан од ФК Детонит Плачковица е суспендиран на два натпревари, додека Мемедоски Бујамин од ФК Влазними Јуниор ќе паузира исто така два натпревари.

Најстрога санкција доби ФК Вардар. Поради слаба организација, нереди и прекин на натпреварот ФК Вардар – ФК Аресими, скопскиот клуб е казнет со парична глоба од 3.000 евра, а дополнително му е изречена и мерка забрана за присуство на публика на еден домашен натпревар.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!