Прва женска фудбалска лигаФудбал

Реми во Тетово: Љуботен и Тиверија Брера ги поделија бодовите

Сподели
Сподели

Без победник заврши натпреварот во Тетово со кој се комплетираше 4. коло на Првата женска фудбалска лига, откако Љуботен и Тиверија Брера одиграа 1:1.

Меч со многу шанси и пропуштени можности и на двете страни, па на крај мораа двете екипи мораа да се задоволат само со бод.

Билјана Панеска која игра во фантастична форма го продолжува својот голгетерски ефект откако во 15. минута постигна гол за отварање на резултатот и водство на гостинот од Струмица. Со минимална предност Тиверија Брера замина на полувреме.

Во вториот дел домаќинот преку Бразилката Лоурдес Роберта Оливеира До Насцименто дојде до израмнување во 61. минута, а до крајот мрежите мируваа и резултат од 1:1 стана конечен.

По четири кола Љуботен го држи врвот со десет освоени бодои, а пак Тиверија Брера е на петтата позиција со седум бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!