Трета лигаФудбал

Некогашниот прволигаш Борец подготвен за новата сезона во Трета лига Регион 4

Сподели
ФОТО: ФК Борец
Сподели

Некогашниот прволигаш Борец од Велес е подготвен за новата сезона во Трета лига Регион 4. Клубот минатата сезона не успеа да обезбеди промоција во Втора лига откако како шампион на Трета лига – Југ беше убедливо поразен од Кожуф во Кочани.

И во новата сезона велешката фудбалска гордост ќе биде дел од третолигашкото друштво, но според соопштението од клубот, ќе се игра со млади сили и голема мотивација и борба за што повисок пласман.

„Фудбалерите на Борец 1919 АД активно тренираат и се подготвуваат за стартот на новата сезона во Трета фудбалска лига – Регион 4. Со млади сили, голема мотивација, но и добро познати лица во тимот, велешкиот клуб влегува во сезоната со јасна цел – да се одигра што поквалитетно и да се избори што подобар пласман. Тренинзите се одвиваат во позитивна атмосфера, а тимот полека ја темпира формата и составот за првиот натпревар против Млекар“, велат од клубот.

По испаѓање на Борец од Прва лига, клубот не може да се стабилизира. По испаѓање од Прва лига испадна веднаш и од Втора лига со само два бода, потоа успеа експресно да се врати во Втора лига, но по само една сезона одново се врати во третолигашката конкуренција, а минатата сезона не успеа да го помине баражот и втора сезона по ред ќе биде дел од Трета лига.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!