Трета лигаФудбал

Ќе се подобрува инфраструктурата на Градскиот стадион во Делчево, услови за меѓународни соработки!

Сподели
Навивачка атмосферата на Градскиот стадион во Делчево
Сподели

По враќањето на Брегалница од Делчево во Третата макеоднска фудбалска лига, клубот има петгодишен план за развој на клубот, но и за подобрување на инфраструктурата на Градскиот стадион во Делчево, ова го најави Даниел Гоцевски, кој што е тренер, но и дел од управата на клубот.

„Направивме петгодишен проект кој опфаќа реновирање на дел од инфраструктурата на Градскиот стадион во Делчево, стадион на кој во свое време кога беше во одлична форма се имаат одиграно меѓународни натпревари. Се сеќавам јас го гледав натпревар Македонија со Бугарија. Имаме две трибини со голем капацитет на публика, теренот моментално може да му завидат и да не речам и прволигашки екипи, тој е во одлична кондиција, на дел од трибините веќе во првата година направивме саниравме, соблекувалната е во следните неколку години, но како што кажав одиме чекор по чекор за се треба средства и време и трпение, не може се наеднаш да се направи“, вели Гоцевски во неговото во гостување во спортскиот магазин Трибина.

Делчево е погранично место, а секако доколку се подобри самата инфраструктурата, тогаш тука има идеални услови за меѓународни соработки, односно да бидат одиграни меѓународни натпревари, подготовки на екипи во летен период, а секако и можност за одигрување на натпревари на репрезентацијата на Македонија.

„Доколку успеме да стигнеме до тој некој чекор мислам дека Брегалница Делчево ќе има еден доста сериозен и стабилен стадион што може да се размислува, ние сме таму погранично место, пример може да се размислува и за многу посериозни проекти“, додава Гоцевски.

Брегалница Делчево презимува на 4. место на табелата, настапува со играчи од Делчево, со тоа што само голманот е од Македонска Каменица. Клубот е посветен на развој на млади играчи, кои во иднина ќе бидат носители на играта, па во иднина клубот размилува за враќање во Втората лига.

Во минатото клубот настапуваше и во Првата лига, во сезоната 2002/2003 и во сезона 2003/2004.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!