Ракомет

Вардар сигурен на стартот: Пелистер 2 немаше одговор во „Јане Сандански“

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Актуелниот шампион Вардар победнички ја отвори новата сезона во Супер машката лига. „Црвено-црните“ на домашен терен славеа над Еурофарм Пелистер 2 со 31-19 и успешно ја започнаа одбраната на шампионската титула.

Битолчани имаа добар старт и во првите минути му парираа на фаворитот. По осум минути игра беше 4-4, а гостите долго време не му дозволуваа на Вардар да создаде посериозна разлика.

Домашниот состав постепено ја подигна одбраната, а тоа веднаш донесе резултат. Вардар направи серија за водство од 8-4, но Пелистер 2 возврати и во 16. минута се приближи на 9-7.

Потоа следуваше клучниот период од првото полувреме. Вардар повторно ја презеде контролата, постигна четири гола во низа и поведе со 13-7. Гостите успеаја да намалат на 14-9, но до паузата целосно застанаа во нападот. Скопјани го искористија тоа и со нова серија од 4-0 заминаа на одмор со убедливи 18-9.

На почетокот на вториот дел Вардар експресно стигна до двоцифрена предност, а со голот за 23-10 ја имаше и највисоката разлика на мечот. Пелистер 2 не се предаде и возврати со серија од 4-0 за 23-14, по што Иван Чупиќ реагираше со тајмаут.

До финишот, Вардар рутински ја одржуваше предноста, а во последните минути повторно ја зголеми разликата и на крајот стигна до убедлив триумф од 31-19.

Во победничкиот состав Матео Фадуил беше најефикасен со шест погодоци, додека Урош Митровиќ и Јуниор Тузолана постигнаа по пет. Кај Еурофарм Пелистер 2, Кристијан Симоновски беше најпрецизен со четири гола.

За Вардар на овој натпревар дебитираше и голманот Милан Бомаштар, кој во второто полувреме запиша пет интервенции за 22 минути на теренот.

Чупиќ поради ограничувањето на бројот на странци, но и со цел да ги одмори дел од играчите пред патувањето во Германија, не можеше да смета на Кеита, Валах, Воркапиќ, Лазаревски и Педро.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!