Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јовановски: Разочаран сум од малата покриеност, репрезентацијата заслужува поголема поддршка!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Претседателот на Федерацијата Петар Јовановски, по четвртипат ќе ја предводи македонската делегација на едно големо натпреварување. Првиот човек на ОФМ, отворено го искажа своето разочарување од отсуството на поддршка, истакна дека ова не е успех само на Федерацијата и на одбојкарите, туку ова е успех на целата нација и побара македонската публика да дојде во Софија и да навива за репрезентативците.

„Навистина не знам како да говорам дали во еднина или во множина. За нас четврто Европско првенство, не е тоа само наш успех и наш резултат, сепак тоа е успех на целата држава и целата нација, меѓутоа разочаран сум кога гледам дека покриеноста е малобројна. Можеби вината е наша, но национална свест и поддршка се гради со присуство, а не со говорење, дали на социјални мрежи или не. Репрезентацијата по четвртипат настапува на ЕП, во друштво сме на најдобрите, континуитет кој трае осум-десет години. На ова првенство имаме силна група, но и ние сме силни, затоа сме присутни на ЕвроВолеј и по четвртипат ќе имаме задоволство да се натпреваруваме и да играме со Полска – европски првак и освојувач на Лигата на нации, Бугарија – светски вицешампион, Украина традиционално со врвна одбојка, Португалија и Израел. Моето обраќање до македонската јавност е дојдете да навиваме во Софија, дојдете во што поголем број и да покажеме колку навистина сме како бројка. Посебна благодарност до Вас, неколкумина, кои сте присутни на пресот денеска“, изјави Јовановски.

На новинарско прашање каде го гледа проблемот за отсуството на поддршката од јавноста и општествено одговорни компании, претседателот Јовановски одговори:

„Прво секогаш за нешто ја барам одговорноста кај себе. И на стартот реков дека можеби и ние некаде сме згрешиле. Но, мислам дека овојпат – не. Вистината е дека она што го направивме и го правиме во последниве години е голем резултат. Можеби одбојката не е на некое ниво како фудбалот – кој е друга димензија и не може да се спореди, додека ракометот, се согласувам дека е национален спорт број еден и од тој аспект ја оправдувам присутноста, меѓутоа како што ја бараме вината ние кај себе, треба и како нација сите да се замислиме и да побараме вина кај нас сите, како Македонци, како државјани на оваа држава. Нашата одговорност како да возвратиме на овие одбојкари кои изминативе десетина – дванаесет години само ние како раководство и тие како играчи знаеме низ што сѐ сме поминале. Анализите ќе ги направиме по Европското првенство меѓутоа за поддршка се обративме до многу компании од малкумина добивме поддршка и финансии. Знаеме дека спортот без финансии не може да оди напред. Ја градиме нашата приказна и ќе продолжиме да го правиме тоа како и досега. Успеавме да обезбедиме одлични услови за подготовки, можеби најдобри досега, па и ниво подобро и од ракометот. Месец дена националниот тим да биде во една од двете национални арени кои ги имаме и да тренираат во главната сала, па тоа ни, кога зборуваме за фудбал ќе се споредиме со Реал Мадрид – на „Бернабеу“ не го има. Ние успеавме да обезбедиме најдобри услови зборувам за поддршка, стручен штаб, со професорот Миленкоски, кој е име во одбојката и сите оние придружни елементи на секоја екипа. Имаме статистичар, Јоксимовиќ, светско име, кој Југославија ја водеше кога ги имаше најдобрите резултати. Идејата да создадеме домашни тренери и да оставиме нешто после ова, имаме тројца македонски тренери кои веќе работат со селекторот и тие треба да продолжат да го водат националниот тим. Ние го гледаме сонцето, и успехот, и светлината на небото и мислам дека ќе “прогледа“ и македонската јавност“, заклучи првиот човек на ОФМ.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска

Во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, репрезентацијата на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!