Кошарка

КК Пелистер се засили со уште еден Американец

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

КК Пелистер продолжува со засилувањето на ростерот, а најново име во составот на битолскиот клуб е американскиот центар Рузвелт Вилер.

Станува збор за 23-годишен кошаркар висок 211 сантиметри, кој во Битола пристигнува со солидно интернационално искуство и репутација на квалитетен и физички доминантен играч. Минатата сезона Вилер настапуваше во Швајцарија, каде што го носеше дресот на Женева и Масањо.

Американецот своите први чекори во колеџ-баскетот ги направи на Луизвил, по што се пресели во Ист Тенеси. Во досегашната кариера има и шампионска титула во Чиле, каде што настапуваше за Кулпе.

Со доаѓањето во Битола, Вилер ќе му се приклучи на тимот и веднаш ќе му биде на располагање на тренерот Тане Спасев.

Пелистер со ангажманот на Вилер добива уште едно физички моќно решение под кошевите, со кое дополнително ја зголемува конкуренцијата и квалитетот во својот ростер пред новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста на дуелот со Висла Плоцк ќе се грижат судии од Литванија....

Поврзани написи
Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...

Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!