Ракомет

Алкалоид повторно славеше против Ловќен: Нов триумф за Лазаров и момците!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

РК Алкалоид продолжи со победничките настапи во Регионалната лига, откако повторно го надигра Ловќен. Македонскиот тим славеше во Цетиње со 40-29 и вторпат во краток период излезе како победник против црногорскиот состав.

По неизвесните 30 минути, во кои резултатот беше израмнет 18-18, Алкалоид направи голем исчекор во продолжението. Избраниците на Кирил Лазаров го подигнаа темпото, ја презедоа контролата и постепено ја изградија разликата која во финишот достигна двоцифрена.

И вториот меч со Ловќен беше особено ефикасен за Алкалоид – скопскиот состав во двете средби му постигна дури 95 гола на црногорскиот ривал.

Иван Џонов беше најпрецизен кај победникот со осум погодоци, додека Марко Митев постигна шест. Кај Ловќен, Мрваљевиќ заврши со седум гола.

Следен противник за Алкалоид во Регионалната лига ќе биде Дубочица, додека Ловќен ќе се сретне со Партизан.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската У19 репрезентација на Македонија го доби вториот дуел со Косово, Галабовска и Грозданова стрелци на головите

Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Косово во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации....

Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка на патот во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде австрискиот претставник Келаг...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка...

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!