Ракомет

По две победи во подготовките, Кеита најавува нова битка со Вардар!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Македонскиот ракомет во среда ќе добие ново големо дерби, откако Вардар и Охрид ќе се соочат во битката за Супер купот. Натпреварот во Гевгелија ќе биде прва официјална пресметка меѓу двата тима во новата сезона и можност за освојување на првиот трофеј.

Охрид во подготвителниот период двапати излезе како победник против „црвено-црните“, триумфирајќи во финалните натпревари на турнирите во Струга и на „Крсте Андоновски“ во Охрид. Сепак, Адама Кеита е свесен дека Супер купот носи поинаква тежина и дека за успех ќе биде потребно максимално издание.

„Во среда нè очекува интензивен и тежок натпревар. Ќе мора да внимаваме и да имаме што помалку грешки во 60 минути ако сакаме резултат во наша корист“- изјави Кеита.

Левото крило на Охрид и неговите соиграчи ќе имаат можност да ја продолжат успешната серија против Вардар, но овојпат во натпревар во кој влогот е трофејот од Супер купот.

Дуелот ќе се одигра во среда од 19:00 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија, каде што ќе биде познат новиот освојувач на Супер купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!