Ракомет

Еурофарм Пелистер со три од три: Дубочица немаше одговор во „Боро Чурлевски“!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

РК Еурофарм Пелистер ја заокружи првата мини-серија во Регионалната лига со совршен учинок. Битолчани вечерва во „Боро Чурлевски“ го совладаа Дубочица со убедливи 38-24 и стигнаа до трета победа од исто толку натпревари.

Дубочица подобро го отвори мечот и поведе со 4-1, но домаќинот брзо се стабилизираше. Пресвртот дојде во финишот на првиот дел, кога Пелистер со серија од пет гола стигна до 13-10, а на одмор замина со 18-13.

По паузата, избраниците на Лино Червар целосно ја презедоа контролата. Цврстата одбрана и ефикасниот напад му овозможија на македонскиот вицепрвак да ја зголеми разликата, а со серијата 4-0 во финишот Пелистер стигна до убедливи 33-21.

До крајот битолчани рутински ја одржаа предноста и запишаа уште еден сигурен триумф. Петар Атанасијевиќ беше прв стрелец со 11 гола, додека капитенот Филип Кузмановски постигна осум. Кај гостите Ристовиќ беше најефикасен со пет погодоци.

По Партизан, Ловќен и Дубочица, Пелистер ја заврши оваа серија со максимални три победи и во одлично расположение продолжува кон следните предизвици.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!