Втора лигаФудбал

Охрид го декласира Кожуф со 5-1, Тетекс славеше против Шкупи во третото коло од Втората лига

Сподели
Сподели

Охрид запиша убедлива победа во третото коло од Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со високи 5-1 го совлада Кожуф. Гостите од Гевгелија одлично го отворија натпреварот и преку Христијан Бејков уште во шестата минута стигнаа до предност, но радоста кратко траеше.

Охриѓани потоа целосно го презедоа натпреварот и направија целосен пресврт, а вистински херој на убедливиот триумф беше Антонио Каланоски. Напаѓачот постигна дури четири погодоци и го предводеше својот тим до убедливи 5-1, додека во листата на стрелците се запиша и Марко Николовски.

До победа во третото коло стигна и Тетекс, кој на гостински терен со 1-3 го совлада Шкупи.

За „тетовските штофари“ ова е значаен триумф против ланскиот прволигаш. Алии Рамин беше двоен стрелец, а гол постигна и Никола Ристевски. За Шкупи единствен стрелец беше Нухија Нејази.

Колото се затвара вечерва во Струмица, каде што под рефлектори ќе се соочат Беласица и Детонит Плачковица.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости го доби Бутел со 1:6 во меч од 4. коло на...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но следниот предизвик бара ново докажување. Македонскиот шампион во среда, од 19...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!