Кошарка

КК Гостивар го засилува ростерот со американскиот интернационалец Кристијан Тарнер

Сподели
ФОТО: КК Гостивар
Сподели

КК Гостивар продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а најново засилување е американскиот интернационалец Кристијан Тарнер.

Тарнер е висок 202 сантиметри и игра на позицијата крилен центар, а во Гостивар треба да донесе дополнителна цврстина и квалитет под кошевите.

Американецот зад себе има богато NCAA искуство. Во колеџ-кариерата настапуваше за Troy и Texas State, во рамките на Sun Belt Conference, каде што во сезоната 2024/25 за Texas State имаше просек од 6,1 поен, 4,2 скока, 2,1 асистенција и 1,3 украдени топки по натпревар.

Тарнер во NCAA кариерата одигра 153 натпревари, со просек од 4,7 поени и 3,4 скока по меч, а во сезоната 2024/25 запиша и еден дабл-дабл, со 15 поени и 10 скока против ULM.

Со ангажманот на Тарнер, КК Гостивар добива уште едно физички моќно решение во рекетот, со кое тимот ќе се обиде да биде поконкурентен во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...

Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!