Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Лука Стојановски: Имаме добра и комплетна екипа, сакаме победа против Австрија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Лука Стојановски важи за еден од најстандардните македонски репрезентативци во последните неколку квалификациски циклуси. Без разлика дали станува збор за натпревари од квалификациите за Светското првенство или за претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, искусниот бек е важен дел од националниот тим.

Новиот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром е дел од составот на Македонија и на стартот од вториот круг од претквалификациите, во кој нашата селекција, во рамките на групата „Ф“, ќе се соочи со Австрија и Кипар.

Првиот предизвик е веќе в недела, кога Македонија ќе гостува во Виена и ќе ги одмери силите со селекцијата на Австрија.

По одработениот тренинг во „Спорт Арената“ во Виена, Стојановски ги сподели очекувањата пред првиот натпревар и порача дека македонската репрезентација има јасна цел – да одигра квалитетно и со позитивен резултат да го започне вториот круг од претквалификациите.

„Очекувањата се да победиме. На секој натпревар што ќе го играме во наредниот период одиме на победа. Се подготвуваме, гледаме видеа, правиме тактика. Едноставно, имаме добра и комплетна екипа во овој момент. Победата, би го нарекол тоа, е единствениот императив пред нас.“

Македонија во претходниот претквалификациски циклус имаше максимален ефект – шест победи на шест натпревари, резултати кои дополнително ја подигнаа самодовербата во националниот тим. Во новиот циклус, составот е дополнително засилен со приклучувањето на Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт.

„Точно така. Тие победи и одиграните натпревари во овие претквалификации се голем плус за нас како екипа. Но и доаѓањето на одлични играчи како Ненад и Мозес ќе ни помогне во намерата да стигнеме до оние вистински квалификации.“ 

Стојановски направи и кратка анализа на првиот противник во вториот круг од претквалификациите.

„Би рекол дека пред сè станува збор за шутерска екипа. Физички не се предоминантни, така што би рекол дека негуваат брза кошарка и дека имаат добар шутерски потенцијал“, анализира македонскиот репрезентативен бек.

Дуелот меѓу Австрија и Македонија, кој ќе биде прв за нашиот национален тим во вториот круг од претквалификациите за Евробаскет 2029, е закажан за утре, со почеток во 16:05 часот, во „Спорт Арената“ во Виена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија. Клубот во минатото се натпреваруваше и во Втората македонска...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!