ИнтернационалциФудбалФутсал

Уште еден час до дуелот со Макаби Нетанја: Проект оди по првата победа во ЛШ!

Сподели
Сподели

Уште еден час до почетокот на последниот натпревар за македонскиот шампион Проект во претквалификациската група А од УЕФА Футсал Лигата на шампионите.

Од 17:30 часот во „Bluebox Arena“ во Грац, Проект ќе се соочи со шампионот на Израел – Макаби Нетанја, во натпревар во кој македонскиот тим влегува со јасна цел – победа!

По поразот од домаќинот Грац и ремито 3:3 со Врхника, во кое Проект имаше предност од 3:2 до самиот финиш, македонскиот шампион денес ќе го даде максимумот за да стигне до првата европска победа.

Атмосферата во таборот на Проект е одлична. Тимот е подготвен, последните тактички детали се завршени, а фокусот е целосно насочен кон последните 40 минути од европската авантура во Грац.

🇲🇰 МАKАБИ НЕТАНЈА – ПРОЕКТ 🇮🇱

🕠 17:30 часот

🏟️ Bluebox Arena – Грац

Спортска Мрежа од Грац, Австрија – директно со македонскиот шампион!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа жалбата на ФК Вардар АД Скопје за неправилен настап на фудбалерот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во футсал 2028 година. Националниот тим на 6 ноември ќе го одржи...

Поврзани написи
КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

ИнтернационалциФудбалФутсал

Македонскиот судија Доне Ристовски доби нова задача од УЕФА – ќе го суди квалификацискиот дуел за СП меѓу Белорусија и Албанија!

Македонскиот интернационален футсал-судија Доне Ристовски доби нова меѓународна задача од УЕФА. Ристовски...

Прва лигаФудбал

Башкими може да ја стигне Брегалница, Арсими да ја згусне табелата во долниот дел

Најава и анализа на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига Дербито...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!