Фудбалскиот клуб Вардар продолжува активно да ја засилува својата екипа и го обезбеди третото зимско засилување. 25-годишниот лев бек Михаил Маневски потпиша договор со Вардар, по успешната соработка со Тиквеш од Кавадарци.
Маневски, кој е роден во Штип, има богато искуство, играјќи за клубови како Академија Пандев, Брегалница, Шкеднија, Силекс и Гостивар. Сега ќе се приклучи на Вардар, каде ќе ја засили одбраната.
Претходно, Вардар го потврди трансферот на стоперот Михал Пинтер од Шкупи, како и на десниот бек Георги Јанкулов, кој доаѓа од Брера Струмица. Трансферите на Маневски и другите играчи се дел од планот на клубот за засилување на тимот во зимскиот преоден рок.
Вардар презимува во долниот дел од табелата и во пролетниот дел ќе се бори за директен и сигурен опстанок во фудбалската елита на Македонија.