КупФудбалФутсал

Шкупи го совлада Кораби за следна фаза од футсал Купот – Салиевски со хет-трик!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Вечерва се одигра првиот меч од осминафиналето од футсал Купот на Македонија, откако прволигашот Шкупи со 5:8 беше подобар од второлигашот Кораби.

Првиот дел беше доста неизвесен и заврши со 3:3, а во второто полуреме фаворитот го скрши отпорот на второлигашот за триумф од конечни 5:8.

Октај Беќири беше двоен стрелец за Кораби, а по еден гол постигнаа Един Меровски, Бујар Поцеста и Енѓел Точи, додека пак за тимот на Шкупи хет-трик постигна Сали Салиевски, двоен стрелец беше Исмет Цека, а по еден гол постигнаа Бејтула Јаупи, Реџеп Сулејмани и Шефки Бериша.

Останатите натпревари се играа за време на викендот, а ќе се осминафиналната фаза ќе се комплетира во понеделник.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

РК Радовиш промени тренер, но се врати на поразите! Пред радовишани е сериозен предизвик за опстанок!

Ракометниот клуб Радовиш ќе биде ставен пред сериозен предизвик да го сочува суперлигашкиот статус и за следната сезона, радовишани се на дното од...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Меѓународен пријателски натпревар на прволигашот Речица со српски Машинац од Ниш

Женскиот фудбалски клуб Речица денес со почеток од 15 часот ќе одигра Меѓународен пријателски натпревар со екипата на Машинац од Ниш, Србија. Ова...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

На 23 март започнува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Охрид

На 23 март започнува пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига во Охрид...

ФудбалФудбалска репрезентација

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!