Утре на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“ ќе се одиграат два осминафинални натпревари, кои ќе бидат вистински дерби натпревари.
Од 19 часот е првиот меч, а во кој ќе се соочат Христмил Банско против Фенербахче, додека пак еден час подоцна Винарија Здравко ќе игра против Јови МК.
Овие два натпревари ќе бидат доста атрактивни, а тоа на публиката ќе им понуди одлично уживање.
Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.