Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Сподели
Сподели

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско Дебреште ги доби сите свои четвртфиналисти. Вечерва се одиграа последните четири осминафинални натпревари, со што комплетирана е листата на осум екипи кои продолжуваат во борбата за трофејот.

Вечерва трибините беа преполни со публика која следеше атрактивни натпревари.

Во првиот вечерашен натпревар Поликлиника „Др. Спаско“ славеше со 2:1 против Десово Градба, обезбедувајќи место меѓу најдобрите осум.

 

Возбудливо беше и на дуелот меѓу Пикси Бојс и Цернилиште Куп, кој заврши со 3:5, по што понатаму продолжи Цернилиште Куп.

Цернилиште одигра одличен натпревар и убедливо со 5:1 го совлада Саждево, додека во последниот осминафинален дуел БХС Груп Саждево со 5:3 беше подобар од АТЦ АММО Самоков.

Претходно, своето место во четвртфиналето го обезбедија Пилана Жарко, која со 5:0 славеше над Б.У., Теута Сталоне Саждево, која по 3:3 во регуларниот дел со 2:1 на пенали го елиминираше Кадри Демироглу, Лисичани со победата од 3:0 над БВБ Пресил и Фасада Чајник, која со 2:0 ја совлада Могила.

Четвртфиналните двојки

Утре на програмата се четвртфиналните натпревари, кои носат нови возбудувања и директна битка за место во полуфиналето:

19:30 часот: Фасада Чајник – БХС Груп Саздево

20:00 часот: Пилана Жарко – Цернилиште

20:30 часот: Лисичани – Поликлиника „Др. Спаско“

21:00 часот: Цернилиште Куп – Теута Сталоне Саждево

Со тоа, турнирот влегува во највозбудливата фаза, каде што секој натпревар носи елиминација и само четири екипи ќе продолжат во полуфиналната битка за големиот трофеј на „Алмир Ибески – Алмо 2026“.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!