Трета лигаФудбал

ФОТО: По 20 години повторно во Трета лига: Јуниор од Доброшане подготвен за нов предизвик

Сподели
Сподели



По пауза од цели 20 години, ФК Јуниор од Доброшане повторно се враќа во Третата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона го освои шампионското место во Општинската фудбалска лига во Куманово и обезбеди пласман во повисок ранг.

Екипата веќе три недели ги одработува подготовките за новата сезона во Трета лига – регион 2, а досега одигра и два контролни натпревари, преку кои стручниот штаб ја темпира формата и го подготвува тимот за предизвиците кои следуваат.

Особено радува фактот што костурот на шампионскиот состав е задржан, што треба да биде една од главните предности на тимот во новата сезона. Паралелно со тоа, клубот веќе ангажираше и неколку нови фудбалери, а работата на засилувањата продолжува со цел да се донесат дополнителен квалитет и поголема конкуренција во составот.

Новата сезона носи промена и на тренерската позиција. Екипата ќе ја предводи Свето Димиќ – Шарац, кој ќе го преземе кормилото и ќе има задача да го води тимот во новиот третолигашки предизвик.

По освоената титула и историскиот камбек во Третата лига, пред клубот е ново поглавје во кое амбицијата е јасна – со максимална борбеност, посветеност и заедништво да се претстави во најдобро светло и достоинствено да ги брани клупските бои.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!