Турнири

Вечерва четири нови дуели на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе има атрактивни соочувања!

Сподели
Сподели

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ продолжува вечерва во Дебреште со нови четири натпревари, кои повторно носат интересни пресметки и големи очекувања.

Програмата започнува од 19:30 часот, а први на терен ќе излезат Саждево и BHS Grup Саждево-Крушево.

Вечерната програма продолжува во 20:00 часот со дуелот меѓу Поликлиника „Д-р Спаско“ и Лисичани, по што од 20:30 часот следува уште една пресметка на Лисичани, овојпат против Пикси Бојс.

Последниот натпревар за вечерва е закажан за 21:00 часот, кога силите ќе ги одмерат Евро Анче Планиска и Мега Маркет Јашарови.

По возбудливите натпревари од претходните вечери, и денес љубителите на малиот фудбал во Дебреште ги очекува богата програма и нови моменти на меморијалниот турнир посветен на Алмир Ибески – Алмо.

Вечерва се последните мечеви од групната фаза, потоа следува елиминациската фаза, што значи за некои екипи вечерва е последна шанса да се “освои билет” за пласман во нокаут фаза.

И годинава Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан, посветен на Алмир Ибески – Алмо.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!