Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Со ваква одбрана имаме шанса против Швајцарија и Украина

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, имаше пофални зборови за своите кошаркари, особено за пристапот и борбеноста што ги покажаа во текот на натпреварот.

Стојановски беше задоволен од начинот на кој македонските кадети го одиграа првото полувреме, во кое покажаа голема енергија и желба за надигрување со фаворизираната Хрватска.

Иако во продолжението Македонија не успеа да го задржи истото темпо и на крајот претрпе пораз, селекторот смета дека позитивниот пристап и борбеноста на играчите се нешта кои треба да бидат основа за следните натпревари.

„Имавме добро прво полувреме, играчите го оставија срцето на теренот, а тоа ни беше најважно. Од кошаркарските елементи повторно ни недостигаше дисциплина и подобро делење на топката. Премногу влегувавме во ситуации еден на еден.

Сепак, имавме правилен пристап и го покажавме нашето лице, пред сè во одбраната. За жал, немаме доволно длабочина на клупата за да можеме да го одржиме тоа темпо во сите 40 минути.

Сакам да им честитам на играчите за борбеноста. Хрватска е една од најквалитетните екипи во Европа, не само на овој турнир.

Ако играме со вакво темпо и со ваква одбрана против Швајцарија и Украина, сигурен сум дека имаме шанса да се бориме за победа.

Сега е многу важно играчите да се одморат, а потоа да ги анализираме нашите грешки. Сигурен сум дека ќе успееме да ги поправиме.

Да гледам и мислиме само позитивно, со кренати глави гледаме напред. И уште еднаш би сакал да ги повикам нашите навивачи салата да биде уште повеќе исполнета и да ја поддржат екипата!“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!