Прва лигаФудбал

Скопје до голем бод против Струга, Наумовски блескаше на голот

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум | АРХИВА
Сподели

Фудбалерите на Скопје приредија пријатно изненадување во второто коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ одиграа 1-1 против фаворизираната Струга Трим Лум.

За „пиратите“ ова е прв освоен бод по враќањето во елитното друштво, додека Струга пропушти можност со триумф да ја потврди фаворитската улога.

Гостите од Струга уште од почетокот ја презедоа иницијативата и создаваа повеќе опасности пред голот на Скопје. Хамза Меметриза се обиде од слободен удар, а во продолжението се заканија и Бојку и Малески.

На голот на домаќинот, сепак, имаше расположен Кристијан Наумовски. Искусниот голман беше во одлично издание и со неколку квалитетни интервенции го одржуваше Скопје во игра. Особено се истакна во 30. минута, кога спречи сигурен погодок по ударот на Арби Воша од непосредна близина.

Струга конечно го скрши отпорот во 55. минута. По брза акција, Христијан Малески се најде во идеална позиција, излезе пред Наумовски и прецизно реализираше за 0-1.

Стружани кратко потоа постигнаа и втор погодок преку Буњамин Шабани, но ВАР интервенираше и голот беше поништен поради офсајд.

Скопје ја искористи својата шанса и во 71. минута стигна до израмнување. Омар Беровиќ, кој претходно влезе од клупата, одлично реагираше по нафрлена топка од десната страна и со прецизен удар со глава ја затресе мрежата за 1-1.

До крајот Струга повторно го презеде поседот и се обидуваше да стигне до победнички погодок. Малески имаше уште една добра можност, но не успеа да ја искористи.

На крајот, Скопје успеа да го сочува резултатот и да освои голем бод против еден од фаворитите, додека Струга може да жали за бројните пропуштени шанси и фактот што не ја материјализираше доминацијата со три бода.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!