Прва лигаФудбал

Шкендија го освои првото големо дерби, Тамба двапати стрелаше за пораз на Вардар

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија со триумф го напушта првото големо дерби во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Тетовчани на Националната Арена „Тодор Проески“ го совладаа Вардар со 0-2 и со важни три бода влегуваат во продолжението од шампионската трка.

Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и во раната фаза имаше неколку ситуации пред голот на Ферат Рамани. Кастањеда и Пулеио се обидоа од далечина, а најсериозната прилика во почетните минути ја имаше Пулеио, но неговиот удар од добра позиција не заврши во мрежата.

Шкендија постепено го смири ритамот и почна да ја презема контролата. Бесарт Ибраими се закани со удар од околу 18 метри, додека Бобан Николов во финишот на првиот дел се обиде од слободен удар. Сепак, на полувреме се замина без голови.

По паузата тетовчани беа многу поконкретни. Криезиу имаше можност по една акција, но неговиот удар беше блокиран, а потоа следуваше и обидот на Трумчи.

Во 52. минута Шкендија ја искористи брзата транзиција. Ндзенге од левата страна испрати одлична топка кон Фабрис Тамба, кој излезе во поволна позиција и прецизно реализираше за 0-1.

Вардар веднаш можеше да возврати. Пирес се најде во идеална прилика за израмнување, но Рамани со одлична одбрана го спречи домаќинот да се врати во игра.

Вардаровите обиди да го промени текот на натпреварот не донесоа посакуван резултат. Закариќ и Босанчиќ добија шанса, а во игра влезе и младиот Огнен Јаков, кој го запиша својот прв настап во ПМФЛ.

Шкендија, пак, чекаше нова можност за да го зададе конечниот удар. Тој дојде во 77. минута, повторно преку Тамба. Напаѓачот повторно излезе сам пред Давор Талески и со прекрасен лоб го постигна својот втор гол за конечни 0-2.

Погодокот најпрво беше поништен поради сигнализирање офсајд, но по ВАР-проверка одлуката беше променета и голот беше признат.

До крајот Шкендија без поголеми проблеми ја зачува предноста, а имаше и дополнителни прилики за уште поубедлив триумф.

Со оваа победа Шкендија ја доби првата голема пресметка сезонава и испрати силна порака во трката за врвот, додека Вардар ќе мора да бара одговор по неуспешниот настап пред домашната публика.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!