ИнтернационалциФудбал

(ВИДЕО) Салим Арифи пред нов голем чекор: Анталијаспор тргна по прилепскиот голгетер кој експлодираше во Косово!

Сподели
Сподели

Суперталентираниот прилепски напаѓач Салим Арифи продолжува да го привлекува вниманието со своите настапи во Косово, а неговата одлична сезона во дресот на Митровица веќе отвора можност за нов голем чекор во кариерата. Според информациите до кои дојде Спортска Мрежа, за 19-годишниот голгетер постои сериозен интерес од странство, а меѓу клубовите кои го следат е и Анталијаспор.

Арифи во сезоната 2025/2026 имаше одличен учинок, постигнувајќи 23 гола и седум асистенции за Митровица. Дополнителна тежина на овие бројки им дава фактот што младиот напаѓач не беше стартер на сите натпревари, но и покрај тоа успеа да се наметне како еден од најопасните офанзивци во конкуренцијата.

Неговиот напредок не остана незабележан. Арифи веќе подолг период е интересен за клубови од Косово, регионот и странство, додека неговата пазарна вредност е во постојан пораст. Митровица нема лесно да се откаже од својот голгетер, особено откако Арифи одигра значајна улога во успешната сезона и пласманот на тимот во Првата лига на Косово.

Прилепчанецот уште минатата сезона покажа дека има големо чувство за гол. Посебно се издвојуваше неговиот настап против Влазнија, кога при резултат 0:0 влезе во игра во 70. минута, а потоа со погодок го реши дербито и му помогна на Митровица во борбата за пласман во Прва лига.

Во подготовките за новата сезона Арифи продолжува таму каде што застана – со голови. На два подготвителни натпревари за Митровица веќе постигна два ефектни погодоци, што е уште една потврда дека голгетерската форма продолжува.



Со своите 195 сантиметри, физичката сила, чувството за простор и инстинктот во шеснаесетникот, Арифи е класичен централен напаѓач кој претставува сериозна закана за противничките одбрани. Во Косово неговите карактеристики веќе неколку пати беа споредувани со оние на Мирлинд Даку, па не случајно за него се користи и епитетот „новиот Мирлинд Даку“.

Интересот за Арифи дополнително расте и поради неговиот репрезентативен статус. 19-годишниот напаѓач доби повик во младинската репрезентација на Македонија и ќе биде дел од составот кој ќе патува во Италија на Светскиот медитерански куп во Таранто.

Турнирот ќе се одржи од 20 до 28 август, а Македонија е во група со Турција, Тунис и Мароко. За Арифи ова ќе биде нова можност да го покаже својот квалитет и на меѓународна сцена.

Прилепскиот голгетер, инаку, уште како младинец во Победа го најави својот потенцијал. Во сите младински категории на прилепскиот клуб постигна повеќе од 100 голови, пред летото да направи трансфер во Митровица, каде потпиша двегодишен договор. Според претходните информации на Спортска Мрежа, договорот содржи и откупна клаузула од 100.000 евра.



Интересен детал е и тоа што Арифи поседува косовски пасош по потекло на своите родители, поради што неговиот развој внимателно го следи и Косовската фудбалска федерација.

Пред Салим Арифи сега е можеби најголемата одлука во досегашната кариера. Митровица сака да го задржи, интересот од странство расте, а Анталијаспор е меѓу клубовите кои го следат неговиот развој.

Останува да се види дали турскиот интерес ќе се претвори во конкретна понуда и дали Арифи ќе направи нов чекор во кариерата. Едно е сигурно – 19-годишниот прилепчанец веќе не е само талент, туку напаѓач кој со своите бројки го привлекува вниманието и надвор од регионот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, откако минатата недела беа одиграни пет средби. Познати се и судиите...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое доаѓа од редовите на Беласица. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија,...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Мила Талевска: Трите победи ни дадоа мотив и самодоверба, најважно е што сме сплотени

Новиот прволигаш Пелистер влезе во победничка серија со три победи во низа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!