Прва лигаФудбал

Наумовски: Сакаме да останеме непоразени против Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Новиот прволигаш ФК Скопје има тежок распоред на стартот на сезоната во елитата. Во првото коло загуби од вицепрвакот Шкендија, а овој викенд има исто така сериозен предизвик, да се надигрува со уште еден сериозен ривал и претендент за највисок пласман, тимот на Струга Трим Лум.

Стружани лесно славеа против Шкендија Арачиново во првото коло, а искусниот голман на ФК Скопје, Кристијан Наумовски, е свесен за тешката задача што ќе ја имаат тој и соиграчите и на денешната средба.

„Не нѐ помилува распоредот на стартот од првенството, и во првото коло, а и сега имаме навистина сериозни ривали, кои традиционално се борат за трофеите во македонскиот фудбал. Но, тоа не е изговор нашиот тим да не го даде максимумот и да се обиде да стигне до позитивен резултат. Свесни сме дека Струга Трим Лум е фаворит, но тоа е и мотив повеќе за нас да се надминеме и со една храбра и пожртвувана игра да останеме непоразени. Сѐ уште се воигруваме, има голем простор за напредок на нашата екипа, и се надевам дека против Струга ТЛ ќе покажеме голем дел од нашиот потенцијал“, изјави искусниот чувар на мрежата, Кристијан Наумовски.

Натпреварот меѓу ФК Скопје и Струга Трим Лум ќе се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија со почеток во 17 часот, а ќе го суди Александар Грујоски.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!