Прва лигаФудбал

Рамани пред дербито со Вардар: Екипата е подготвена, одиме само на победа

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Меѓу двата настапи против шкотскиот Хибернијан во третото квалификациско коло од Лигата на конференции, тетовска Шкендија се враќа на обврските  во домашното првенство каде ја очекува големото дерби од второто коло во Првата лига, против актуелниот шампион, Вардар.

По враќањето од Шкотска, „црвено-црните“ од Тетово имаа на располагање два дена за максимална подготовка пред овој натпревар. Голманот на Шкендија, Ферат Рамани, ја потврди високата подготвеност на целиот тим за неделниот дерби-дуел во Скопје.

„Секогаш сме максимално подготвени и за нас секој натпревар има исто значење. На секој терен излегуваме со една единствена цел – да победиме. Без разлика кој е од спротивната страна, ги следиме замислите на шефот на стручниот штаб и на теренот го даваме последниот атом од силата,“ истакна Рамани.

Младиот чувар на мрежата верува во уште едно позитивно издание на тимот, иако признава дека згуснатиот распоред и заморот од патувањата можат да бидат сериозен противник за тетовци.

„Како и секогаш, одиме само на победа, ништо друго. Екипата е подготвена. Иако чувствуваме малку замор од патувањето и силниот ритам, тоа е фудбалот – подготвени сме за секој предизвик. Утре одиме без калкулации по сите три бода,“ порача Рамани.

Пред овој голем дерби-пресметка, Шкендија се соочува со дури четири значајни отсуства. Во комбинација за тимот нема да бидат првиот голман Бабукар Гаје, дефанзивецот Бојан Димоски и напаѓачот,  Себастијан Спахиу. Дополнителна грижа е и состојбата со голманот Астрит Амзаи, кој сè уште се рехабилитира од физички проблеми и неговиот настап е под голем знак прашалник.

Големото дерби на второто коло, Вардар – Шкендија, ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 17:00 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!