Останато

ФОТО: Историски успех за македонското џиу-џицу: Катерина Ацевска е светска вицешампионка!

Сподели
Сподели

Македонското џиу-џицу доби уште една голема причина за гордост. Катерина Ацевска испиша нова страница во историјата, откако на Светското првенство во Абу Даби се избори за сребрениот медал и титулата светска вицешампионка.

За Ацевска ова е чекор погоре во однос на нејзиниот настап на претходното Светско првенство во Тајланд, каде што освои бронзен медал. Со новиот голем резултат, македонската натпреварувачка уште еднаш потврди дека припаѓа во самиот врв на светската џиу-џицу елита.

Одличниот настап во Абу Даби ѝ носи и нови бодови на Светската ранг-листа, а според информациите од федерацијата, Ацевска сигурно ќе го задржи првото место во својата категорија. Особено импресивен е фактот што таа сè уште е најмлада натпреварувачка во својата категорија, а веќе се искачува на самиот светски врв.

Зад овој успех стои огромна работа и жртва. Целото лето Ацевска го помина во напорни тренинзи, а вложениот труд сега дојде до израз на најголемата светска сцена.

Од федерацијата информираат и дека во една од борбите, против претставничката на Монголија, Катерина доживеала помала повреда на рамото, но за среќа не станува збор за сериозна повреда. Селекторот по настапот испрати кратка и емотивна порака:

„Фала му на Бога успеавме. Доживеавме мала повреда во борбата со Монголија но за среќа нее сериозна. Катерина на нивото на својата задача. Останува да ги анализираме борбите, посебно двете изгубени. Утре ќе можам пред Федерацијата да дадам целосен преглед на сите борби.“

Од федерацијата упатија искрени честитки до Ацевска за големиот резултат и за целата жртва вложена на патот до светското сребро.

Катерина Ацевска сега има светско сребро, лидерска позиција на ранг-листата и уште една потврда дека иднината на македонското џиу-џицу е во сигурни раце.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!