Прва лигаФудбал

Бојку: Нема веќе лесни противници, не смееме да потцениме никого

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум на одличен начин ја отвори новата сезона во Првата лига, со убедлива победа од 3:0 против Шкендија Арачиново, која годинава обезбеди пласман во елитата.

Стружани и во второто коло ќе имаат дуел со нов прволигаш. На спротивната страна ќе биде Скопје, кој исто така оваа сезона пристигна од Втората лига.

„Против Скопје, како и на секој друг натпревар, мора да излеземе на теренот и да го дадеме најдоброто од себе. Кога велам најдоброто, мислам на тоа сите ние прецизно да ги реализираме задачите што ни се дадени од стручниот штаб. Ако успееме да го направиме тоа, тогаш верувам дека добро ќе поминеме на ова гостување во Скопје“, изјави Бесмир Бојку.

Тој е свесен дека повеќе нема лесни натпревари во ПМФЛ , па затоа стружани во ниеден момент не смеат да го потценат тимот на Скопје.

„Нема веќе лесни натпревари, воопшто не ни беше лесно ниту против Шкендија Арачиново, без оглед на конечниот резултат. Би сакал да повториме таква игра, со единствена цел да продолжиме по победнички пат“, истакна Бојку.

Натпреварот меѓу Скопје и Струга Трим Лум се игра денеска, со почеток од 17:00 часот, на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!