Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Кадетите на Македонија поразени од Хрватска на ЕП во Гевгелија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската кадетска репрезентација пружи добар отпор во првото полувреме, но Хрватска во продолжението го презеде целосниот контрола врз натпреварот и на крајот славеше со убедливи 112:57.

Иако хрватската селекција ја имаше фаворитската улога, македонските кошаркари уште од самиот почеток покажаа голема борбеност и желба за надигрување. Во првата четвртина Македонија беше рамноправен противник, а по десет минути игра Хрватска водеше со 21:15.

Хрватите подобро го започнаа вториот период и со серија од 5:0 стигнаа до првата двоцифрена предност – 26:15, по што следуваше тајм-аут на македонскиот селектор Дејан Стојановски.

Во продолжението Хрватска успеа да ја зголеми разликата до 40:18, но Македонија реагираше и покажа карактер. Предводена од расположениот Дион Шабани, нашата селекција возврати со серија од 7:0 и намали на 40:25.

До паузата Македонија продолжи да ја топи негативата, па на полувремето хрватската предност изнесуваше 46:33.

Сепак, во второто полувреме следуваше целосно поинаква слика на теренот. Хрватска влезе многу подобро и со серија од 10:2 повторно направи поголема разлика, стигнувајќи до 56:35.

Од тој момент хрватските кадети целосно го диктираа темпото и постепено ја зголемуваа предноста. Македонија не успеа да го задржи ритамот од првото полувреме, па Хрватска на крајот стигна до високи 112:57.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Дион Шабани со 16 поени и 8 скока, додека Котевски натпреварот го заврши со 10 поени.

По овој натпревар, македонските кадети денес ќе имаат слободен ден, а во понеделник ги очекува нов предизвик. Од 18:30 часот во салата „26. Април“ во Гевгелија, Македонија ќе се соочи со Швајцарија, во натпревар во кој ќе ја брка втората победа во групата „Б“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!