Останато

(ФОТО) Отворен Јуниорскиот Европски џудо куп – Скопје 2026

Сподели
ФОТО: Џудо Федерација на Македонија
Сподели



Вчера во Скопје свечено беше отворен Јуниорскиот Европски џудо куп – Скопје 2026, на кој учествуваат голем број млади и перспективни џудисти од Европа.

Купот свечено го отвори претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија, Владимир Трпановски. На свеченото отворање присуствуваа и амбасадорката на Народна Република Кина, амбасадорката на Јапонија во Македонија, како и претставничката од Министерството за спорт, Гордана Бошевска Цветковска.

Првиот натпреварувачки ден ни донесе одлични и неизвесни борби, а Македонската џудо репрезентација настапи со седум натпреварувачи – пет во машка и две во женска конкуренција.
Во категоријата -60 кг, Сергеј Димитриоски имаше одличен старт и во првото коло оствари победа над натпреварувач од Израел. Во второто коло беше поразен од џудист од Белорусија, а во репасажот по тешка и неизвесна борба загуби од натпреварувачот од Романија.

Во категоријата -66 кг настапија Игнат Петров и Зоран Колески. Игнат во првото коло беше поразен од натпреварувачот од Израел, додека Зоран беше поразен од претставникот на Србија.

Во категоријата -73 кг настапија Никола Магдески и Петар Давчев.



Никола Магдески имаше одличен настап и го отвори денешниот натпреварувачки дел. Во првото коло со одлично издание го совлада натпреварувачот од Романија со Ипон. Во второто коло се сретна со натпреварувач од Молдавија. Иако до пред самиот крај доминираше и водеше со вазарии, во завршницата ја загуби борбата. Поради големиот број натпреварувачи во категоријата – дури 47 џудисти, Магдески не доби можност за репасаж.

И покрај тоа, Никола прикажа одлично џудо, борбеност и карактер, и достојно ги претставуваше нашата држава и нашата федерација.

Петар Давчев во првото коло беше поразен од натпреварувачот од Србија, со што заврши неговиот настап.

Во женска конкуренција, категорија -63 кг, настапија Ива Богдановска и Драгица Рафтовска. Ива во првото коло беше поразена од натпреварувачката од Белорусија, додека Драгица беше поразена од претставничката на Босна и Херцеговина. И двете, поради исходот на борбите, не добија можност за репасаж.

Првиот натпреварувачки ден го започнавме со две одлични победи, но во продолжението не успеавме да го задржиме истиот ритам. Сепак, секој од нашите репрезентативци покажа борбеност, желба и достоинствено ја претставуваше Македонија на големата европска сцена.

Овој Европски куп е огромно искуство за нашите млади џудисти и уште една можност за стекнување драгоцено меѓународно искуство.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!