Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје со победа над Пелистер во Кравари пред стартот на новата сезона

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Актуелниот шампион на Македонија, Скопје, со победа ја продолжи серијата подготвителни натпревари пред стартот на новата сезона во Првата македонска женска фудбалска лига. Тимот од скопско Пржино вчера во битолско Кравари славеше убедливо со 0-3 против повратникот во елитното друштво, Пелистер.

За двете екипи ова беше уште една квалитетна проверка во подготвителниот период, со која стручните штабови добија можност да ја проверат моменталната форма, но и да ги усовршат последните детали пред почетокот на првенствените обврски.

Стрелци за тимот на Илија Мандаров беа Панева, Крстева и Милевска. За Скопје веќе денес следува нов пријателски натпревар во Македонска Каменица против Каменица Саса.

Скопје во новата сезона ќе влезе со јасна цел – одбрана на шампионската титула, а убедливиот триумф над Пелистер е дополнителна потврда за амбициите на актуелниот првак.

Од друга страна, Пелистер по враќањето во Првата женска лига го очекува нов предизвик и настап во најсилната конкуренција.



Новата сезона во Првата македонска женска фудбалска лига започнува на 23 август, со натпреварите од воведното коло.

Скопје ќе ја започне одбраната на титулата на домашен терен против Кочани, додека Пелистер ќе има гостински старт. Битолскиот тим ќе патува во Струмица, каде што ќе се соочи со Тиверија Брера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!