Кошарка

Стефан Симиќ е ново засилување за КК Кожув

Сподели
ФОТО: КК Кожув
Сподели

КК Кожув продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување во составот на гевгеличани е 30-годишниот српски бек Стефан Симиќ.

Симиќ е висок 193 сантиметри и во Гевгелија пристигнува со значајно искуство од српската и црногорската кошарка. Во досегашната кариера настапувал за екипи како Мега Баскет, Слобода Ужице, Младост Земун и Вршац, а има играно и за црногорскиот клуб Сутјеска.

Новиот кошаркар на Кожув зад себе има и освоен трофеј, откако во 2020 година триумфираше во Купот на Кошаркарската лига на Србија.

Симиќ во Кожув доаѓа со амбиција да донесе дополнителен квалитет и искуство во бековската линија и да биде важен дел од тимот во новата сезона. Од клубот очекуваат неговото искуство и борбеност да бидат значаен придонес во остварувањето на зацртаните цели.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет...

Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!