Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Вардар и Шкендија, Стојанов во Куманово, Качевски на центарот во Штип

Сподели
Сподели

Делегирани судиите за второто коло на Првата македонска фудбалска лига, кое се отвара во петок со еден меч, а се затвара во недела со два натпревари.

Колото го отвараат Шкендија Арачиново и Силекс в петок од 17 часот на стадионот Чаир. Главен судија на овој меч ќе иде Игор Стојчевски, а негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Филип Ицковски, а пак четврт судија е Александар Василевски.

во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Дарко Видиниќ, а пак оператор за повторување на снимка е Петар Стојановски. Делегат ќе биде Мијалче Маџунаров, а контролор Благој Шуклев.

В сабота од 17 часот во Куманово ќе се соочат Башкими и Силекс, а за правдата ќе биде задолжен Стојанче Стојанов, негови асистенти ќе бидат Вјолца Изеири и Идриз Идризи, а пак Крумислав Ѓоргиев е четврт судија.

ВАР судија е Доне Ристовски, а АВАР судија е Мартин Петковски, а пак оператор за повторување на снимка е Диме Димоски. Делегат е Мерсим Зендели, а контролор Марјан Кировски.



Во Штип под рефлектори од 19 часот ќе се соочат Брегалница и Арсими, а Јован Качевски ќе биде главен арбитар. Негови помошници ќе бидат Климент Ристоски и Горан Балески, а Кирил Смоквоски е четврт судија.

ВАР судија е Александар Урошевиќ, а АВАР судија е Мартин Дејаноски, а пак оператор за повторување на снимка е Матеј Димитриевски.

Делегат на мечот ќе биде Расим Муминовиќ, а пак контролор е Дејан Јакимовски.

В недела на програмата се два мечеви кои стартуваат од 17 часот. На теренот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе играат Скопје и Струга Трим Лум, правдата ќе ја дели Александар Грујоски, а пак негови асистенти ќе бидат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски, а пак четврти судија е Марјан Стојаноски.

Во ВАР собата ќе бидат Пларент Салихи и Фуркан Идризи, а пак оператор за повторување на снимка е Васев Виктор.

Делегат е Антонио Насевски, а контролор ќе биде Горан Спиркоски.

Дербито на колото кое се игра на Националната арена „Тодор Проески“ меѓу Вардар и Шкендија ќе го суди Стојанче Трпчевски, а пак негови асистенти ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски, а пак Бењамин Ќерими ќе биде четврти судија.

Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков, а пак оператор за повторување на снимка е Петар Мукоски.

Делегат ќе биде Тони Шалев, а контролор ќе биде Џенан Хајдари, а комесар за безбедност на ФФМ е Зоран Саздов.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!