Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските јуниорки со пораз од Словачка ја завршија групната фаза на Европското првенство

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го забележа четвртиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки до 18 години, кое се одржува во романскиот град Тулчеа. Во последниот натпревар од групната фаза, македонските кошаркарки беа поразени од селекцијата на Словачка со 80:65.

И покрај конечниот пораз, избраничките на селекторот Виктор Петровски го прикажаа своето најдобро издание во првото полувреме на шампионатот. По израмнетата прва четвртина, која Македонија ја доби со 22:21, нашата селекција продолжи со сигурна игра и во вториот период.

Во неколку наврати Македонија имаше предност од четири поени, а на полувремето замина со минимално водство од 44:43.

Во продолжението Словачка успеа да го наметне своето темпо и со подобра игра направи резултатски пресврт. По три четвртини водеше со 62:54, а во последните десет минути ја задржа предноста и стигна до победа од 80:65.

Најефикасна во македонскиот состав беше Колева со 22 поени, четири скока и три асистенции. Трајковска натпреварот го заврши со 16 поени, три скока и две асистенции, додека Милосављевиќ запиша 10 поени, шест скока и две асистенции.

Со завршувањето на групната фаза, Македонија го освои петтото место во својата група. По слободниот ден, нашите јуниорки ќе ги продолжат настапите во разигрувањето за пласман од 17. до 20. место на Европското првенство во Тулчеа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!