Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јуниорите се собраа во Крушево, започна мисијата кон ЕП 2027

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години вчера во Крушево ги започна подготовките за настапот во Зонските квалификации за Европското првенство 2027.

За оваа генерација одбојкари квалификациите ќе бидат прво учество во борбата за пласман на едно континентално првенство, откако минатата година настапи на Европските младински олимписки игри.

Селекторот Јован Шапе во наредните дваесет дена ќе работи со сите повикани репрезентативци. Подготовките ќе се реализираат во Крушево, каде што селекцијата ќе остане до заминувањето за Софија. Зонските квалификации ќе се одржат од 25 до 29 август во главниот град на Бугарија.

„Верувам во Вас, затоа сте селектирани и сте тука. Не чека напорна работа“ – ги поздрави младите одбојкари селекторот Шапе и продолжи: „Верувам дека ќе бидете совесни, одговорни и дисциплинирани, и ќе ја искористите шансата која ја имате затоа што вие сте иднината на македонската одбојка. Првпат една млада репрезентација има можност да игра едни европски квалификации и без разлика на противниците се надевам дека ќе се покажеме во добро светло.“ – вели селекторот.

Машката репрезентација до 20 години ќе има силна конкуренција во Зонските квалификации каде за противници ќе ги има Русија, Белорусија, Србија, Турција и Бугарија. Момците ќе играат по системот „секој со секого“, а бројот на екипи кои ќе се пласираат во следната рунда од квалификациите ќе зависи од бројот на пријавени екипи во другите пет Зонски квалификации.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!