Кошарка

Американецот Камрон МекДауел е новото засилување на КК Пелистер

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

КК Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на битолскиот клуб е американскиот бек-шутер Камрон МекДауел.

Станува збор за 23-годишен кошаркар висок 196 сантиметри, кој зад себе има одлична колеџ кариера и во Битола пристигнува со улога да биде еден од лидерите на тимот.

Во текот на пет сезони во американската колеџ лига, МекДауел одигра 92 натпревари на кои постигна 1.519 поени, а забележа и 317 скокови и 184 асистенции. Неговиот просек изнесува 16,5 поени, 3,4 скока и две асистенции за 26,8 минути поминати на теренот.

Најдобрата сезона ја имаше во 2024/25, кога во дресот на Нортвестерн Оклахома Стејт бележеше импресивни 27,3 поени, 4,7 скока и 2,7 асистенции по натпревар.

МекДауел беше дел од НБА драфтот во 2025 година, но потоа се врати во универзитетската кошарка, каде повторно имаше одлични настапи. Во тимот на Тарлетон беше меѓу најдобрите стрелци во лигата, а со своите игри заслужи место во двете најдобри петорки на шампионатот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски успешно ги започна квалификациите за Челинџерот во Палермо

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со голема борба и по речиси три часа игра успеа да го совлада Италијанецот Џузепе Вела со 2:1 во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна Гора во првиот од двата пријателски натпревари меѓу двете селекции. Дуелот...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!