Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Репрезентативците се собраа во Крушево – почнаа подготовките за Европското првенство

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија денеска во хотелот „Монтана“ во Крушево ги започна подготовките за настапот на Европското првенство – ЕвроВолеј 2026.

На првата прозивка кај селекторот Јошко Миленкоски се јавија сите повикани репрезентативци, со исклучок на средниот блокер Филип Савовски, кој се очекува да се приклучи денес.

ФОТО: ОФМ

На воведниот состанок, Миленкоски направи осврт на подготовките за ЕвроВолеј 2023, презентирајќи статистички податоци и анализи од претходниот циклус. Притоа, тој нагласи дека од репрезентативците ќе бара максимална сериозност, дисциплина и професионален однос, најавувајќи интензивен и напорен ритам на работа во текот на подготовките.

Репрезентацијата во Крушево ја поздравија и потпретседателот на Федерацијата, Ивица Хаџи Иљоски и генералниот секретар Филип Деспотовски.

„Добредојдовте и Ви благодарам што го прифативте повикот. Посебно задоволство ми е што екипата е во истиот состав како претходно, што Миленкоски, како наш најтрофеен стратег ќе не предводи на уште едно Европско првенство и што ја задржавме компактноста. Реални сме, не гаиме илузии и свесни сме за силината на противниците со кои ќе се соочиме на ЕП, но искрено се надевам на успех и верувам дека доколку ни се прижи шанса за пласман во втората фаза ќе ја искористиме. Екипата има искуство и добро знае што значи да се игра на ЕП и поради тоа не се сомневам дека секој од вас ќе даде максимум. Ви посакувам успешни подготовки и сите здрави да го дочекате почетокот на ЕП“ – истакна потпретседателот Хаџи Иљоски.

Репрезентацијата според распоредот на 7 септември наутро патува за Софија, додека два дена подоцна против домаќинот и еден од организаторите Бугарија го отвора настапот на ЕвроВолеј 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!