Трета лигаФудбал

Каменица Саса ги стартуваше подготовките: Целта е експресно враќање во Втората лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Каменица Саса ги започна подготовките за сезоната 2026/27 со јасно поставена цел – експресно враќање во Втората македонска фудбалска лига. Откако минатата сезона клубот испадна од второлигашката конкуренција, откако во баражот во Кратово беше поразен од Еуромилк ГЛ со 2:1, „рударите“ сега започнуваат нова мисија за враќање меѓу второлигашите.

Под водство на тренерот Сашо Велиновски, фудбалерите ја одржаа првата прозивка, на која претседателот на клубот Дејан Митревски ги претстави плановите и амбициите за новата сезона. На стартот на подготовките на играчите им се обрати и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која на првиот собир на фудбалерите и стручниот штаб им посака успешна сезона, добри подготовки, многу здравје и спортски успеси.

За остварување на целта, клубот веќе го засили играчкиот кадар. Во Каменица Саса пристигнаа Стојанче Тренчев и Марко Соколов од Осогово, како и Христијан Крстов од Брегалница од Делчево. Воедно, повторно се активирани Марјан Велиновски, Ален Миленковски, Леонид Стоилевски и Никола Јовановски.

Во актуелниот состав за новата сезона се и Филип Николовски, Лазар Стојановски, Петар Митревски, Матеј Петрушов, Александар Митевски, Никола Коцевски, Мартин Пауновски, Христијан Мирчевски и Христијан Атанасов.

Од клубот најавуваат дека ростерот сè уште не е комплетиран и дека до крајот на летниот преоден рок, кој завршува на 6 септември, ќе бидат ангажирани уште неколку засилувања за дополнително зајакнување на тимот.

Во силната конкуренција во Третата лига – Исток, Каменица Саса ќе се обиде да се врати на победничките патеки и да избори прво место, кое води во баражот за враќање во Втората македонска фудбалска лига. Клубот верува дека со напорна работа, дисциплина и максимална посветеност ќе успее повторно да се избори за повисок ранг.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!