Останато

Пелистер со ново интернационално засилување: Пристигна Србинката Невена Радивојевиќ

Сподели
ФОТО: ОК Пелистер Волеј
Сподели



Одбојкарскиот клуб Пелистер продолжува активно да го гради тимот за новата натпреварувачка сезона, а најново засилување во редовите на битолскиот состав е српската одбојкарка Невена Радивојевиќ, која ќе ја засили конкуренцијата на позицијата техничар.

23-годишната одбојкарка пристигнува од белградска Инџија, а во својата кариера првите одбојкарски чекори ги направила во една од најреномираните школи во Србија – Лаки Стар од Белград, по што развојот го продолжила во Инџија, клуб со богата традиција во српската одбојка. Радивојевиќ има и универзитетско репрезентативно искуство, што дополнително говори за нејзиниот квалитет.

Висока е 178 сантиметри, а во Пелистер доаѓа со задача да биде клучната алка во организацијата на играта. Од битолскиот клуб истакнуваат дека со нејзиниот ангажман е комплетирана најважната позиција во тимот и дека очекуваат да биде големо засилување во креирањето на играта во претстојната сезона.

Зад себе Радивојевиќ има и значајни индивидуални признанија. Во 2022 година беше прв техничар на Универзитетската репрезентација на Србија на Европските универзитетски игри (EUG) во Лоѓ, Полска, каде доби признание за извонредните технички способности, организацијата на играта и лидерството на теренот. Воедно, беше прогласена и за најдобар техничар на турнирот „Борац Чачак“ во Србија.

Со ангажманот на Невена Радивојевиќ, Пелистер го доби и третото странско засилување ова лето, откако претходно во Битола пристигнаа одбојкарки од Канада и Соединетите Американски Држави, со што клубот јасно ги потврдува високите амбиции за новата сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!