Турнири

Второто издание на „Football Summer Mini Cup“ ќе донесе нов фудбалски спектакл во Дојран – пријавите се во тек!

Сподели
Сподели

По успешната премиера минатата година, кога турнирот доби бројни пофалби за одличната организација и квалитетните натпревари, на крајот од август повторно ќе се одржи „Football Summer Mini Cup“, кој полека прераснува во еден од најинтересните младински фудбалски настани во регионот.

Минатата година турнирот за првпат се одржа во Богданци, но годинава ќе се одржи во Дојран, на уште подобра локација, каде ќе има време и за плажа и капење во прекрасното Дојранско Езеро.

Второто издание на турнирот е закажано за 29 и 30 август 2026 година во Дојран, а организаторите веќе ги отворија пријавите за сите заинтересирани екипи.

Натпреварите ќе се играат на природна трева, а организаторите најавуваат одлична атмосфера, фер-плеј и уште едно незаборавно фудбалско дружење. Како што стои и во мотото на турнирот – „Еден турнир. Многу емоции. Едно лето!“, како и „Фудбал. Пријателство. Убави спомени.“

Турнирот ќе се игра во пет возрасни категории, распределени во два натпреварувачки дена:

Сабота – 29 август 2026

У12 (генерација 2015)
У10 (генерација 2017)
У8 (генерација 2019)

Недела – 30 август 2026

У11 (генерација 2016)
У9 (генерација 2018)



Минатогодишното прво издание помина во одлична атмосфера и со беспрекорна организација, а очекувањата се годинава турнирот да биде уште помасовен и поквалитетен.

Спортска Мрежа и оваа година ќе биде медиумски покровител на „Football Summer Mini Cup“, обезбедувајќи целосно медиумско следење, промоција и известување од сите случувања на турнирот.

Заинтересираните клубови и школи можат да добијат повеќе информации и да ги поднесат своите пријави преку:

📞 077/587-501
📘 Facebook: Football Summer Mini Cup
📸 Instagram: Football_Summer_Mini_Cup2026

Дојран и на крајот од ова лето повторно ќе биде место каде младите фудбалски таленти ќе ги покажат своите квалитети, ќе стекнат нови пријателства и ќе создадат убави спортски спомени.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот шампион Струга Трим Лум во натпреварот од 8. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, со јасна цел – да стигне до...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!