Прва женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Пелистер го гради тимот за елитата: Три нови фудбалерки во Битола

Сподели
Сподели



Женскиот фудбалски клуб Пелистер интензивно се подготвува за новата натпреварувачка сезона во Првата женска фудбалска лига, во која ќе настапува со ново име и засилен играчки кадар.

Битолскиот тим минатата сезона, настапувајќи под името ЖФК Конзули, без поголеми проблеми ја освои титулата во Втората женска фудбалска лига и обезбеди промоција во домашната елита. Од сезоната 2026/2027, која стартува на 23 август, клубот официјално ќе се натпреварува под името ЖФК Пелистер.

Во пресрет на новите предизвици, Пелистер ги засили своите редови со три млади и перспективни фудбалерки. Нов член на тимот е 18-годишната Михаела Марковска, која пристигнува од Вардар, а своите први фудбалски чекори ги направи во битолски Топ Гол.

Дресот на Пелистер ќе го носи и 17-годишната Александра Ристевска, која го реализира својот прв трансфер во кариерата, преминувајќи од Топ Гол во битолскиот прволигаш.

Ново име меѓу стативите е и 14-годишната голманка Магдалена Иломановска. Таа доаѓа од Топ Гол, а фудбалската кариера ја започнала во редовите на Атлетико.

Стручниот штаб и во новата сезона ќе го предводи Наум Љамчевски, додека негов прв помошник ќе биде Јован Алексовски.

Подготовките се во полн ек, а денес Пелистер ќе го одигра првиот контролен натпревар против Ас Јунајтед во Струга. До почетокот на првенството, битолчанки ќе ги одмерат силите и со Истатов, како и со актуелниот шампион Скопје.



Новата сезона во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Пелистер ќе ја започне со тешко гостување во Струмица, каде во првото коло ќе се соочи со Тиверија Брера. Со новото име, засилувањата и желбата за докажување во елитното друштво, битолчанки ќе се обидат да остават силен впечаток уште во својата повратничка сезона меѓу најдобрите.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, со одржувањето на спортската манифестација „Денови на женскиот ракомет“, посветена на...

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!