ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност го совлада Долно Коњари, Бујковци со лото победа е на врвот во ОФЛ Гази Баба!

Сподели
Сподели

Денес беа одиграни четири од пет натпревари во Општинската фудбалска лига Гази Баба или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Екипата на Маџари Солидарност со 1:2 славеше против Долно Коњари во големото дерби на колото кое го реши Златан Крстевски со два гола во финишот од мечот за победа преку претсврт, откако претходно на стартот од вториот дел Адмир Османовиќ постигна гол за водство на домашниот тим.

Овој меч е многу важен за Маџари Солидарност за атак на првото место и враќање во Трета лига – Север.

Марино преку двата гола во вториот дел на Фејзула Мухамедин дојде до победа од 0:2 над Миладиновци.

Ускуп на домашен терен преку пресврт беше поразен со 1:3 од тимот на Дељадровци.

Домашниот тим со голот на Сејд Сулејман дојде до водство од 1:0 во 10. минута, а во вториот дел следуваше комплетен пресврт. Горјан Величковски постигна два гола за 1:2, а пак Стефан Мартиновски во 88. минута ги постави конечните 1:3.

Инџиково на домашен терен немаше сили за Бујковци откако загуби со 3:7, па со ваква лото победа екипата на Бујковци е лидер на табелата во ОФЛ Гази Баба.

Стамчевски, Кипријановски и Јакимовски беа стрелци за домашнио тим, додека пак за гостинскиот тим Станковиќ беше стрелец на три гола, Аземи беше двоен стрелец, а по еден гол запишаа Крстевски и Митковски.

Дербито на поранешните третолигаши Петровец и Илинден не се одигра, бидејќи теренот бил поплавен и немало услови за игра, но не биле платени ниту трошоците за официјалните лица (судиите и делегатот) од страна на домаќинот.

„На теренот на ФК Петровец присутни двете екипи и официјалните лица. Главниот судија во присуство на двајцата капитени и делегатот констатираше дека нема услови за игра, поради тоа што теренот беше поплавен и немаше услови за играње, натпреварот не се одигра. Трошоците за официјалните лица – судиите и делегатот, не се платени од страна на домаќинот“, е наведено во делот за примедби од делегатот на официјалниот записник од мечот.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ ГАЗИ БАБА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК БУЈКОВЦИ 10 8 1 1 35 10 +25 25
2 ФК ДОЛНО КОЊАРИ 10 7 2 1 25 7 +18 23
3 ФК МАЏАРИ СОЛИДАРНОСТ-ЈУНИОР 10 7 1 2 29 15 +14 22
4 ФК Марино 2024 10 5 2 3 24 11 +13 17
5 ФК ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ(-3) 10 5 3 2 30 19 +11 15
6 ФК ИЛИНДЕН 9 4 1 4 16 17 -1 13
7 ФК ДЕЉАДРОВЦИ 2010 10 3 3 4 11 20 -9 12
8 ФК МИЛАДИНОВЦИ 10 2 3 5 23 33 -10 9
9 ФК ИНЏИКОВО 10 2 1 7 16 33 -17 7
10 ФК ПЕТРОВЕЦ 9 1 2 6 11 27 -16 5
11 ФК УСКУП 1911 10 0 1 9 11 39 -28 1
12 ФК СКОПСКО ПОЛЕ 0 0 0 0 0 0 0 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!