ФудбалЧетврта лига

Мечот меѓу Петровец и Илинден не се одигра – теренот бил поправен, а домаќинот не ги платил судиите и делегатот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Натпреварот од 11. коло на Општинската фудбалска лига Гази Баба меѓу поранешните третолигаши Петровец и Илинден, не се одигра бидејќи теренот бил поплавен, но трошоците за официјалните лица – судиите и делегатот, не биле платени од страна на домаќинот.

Еве што е заведено во делот за примедби од делегатот на записникот од овој меч.

„На теренот на ФК Петровец присутни двете екипи и официјалните лица. Главниот судија во присуство на двајцата капитени и делегатот констатираше дека нема услови за игра, поради тоа што теренот беше поплавен и немаше услови за играње, натпреварот не се одигра. Трошоците за официјалните лица – судиите и делегатот, не се платени од страна на домаќинот“, е наведено во делот за примедби од делегатот на официјалниот записник од мечот.

Извештајот на Спортска Мрежа за останатите натпревари кои се одиграа денес можете да го прочитате овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!