Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските јуниорки поразени од Данска на стартот на Европското првенство

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската јуниорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во романскиот град Тулчеа. Во натпреварот од првото коло во групата „Д“, македонските кошаркарки беа поразени од селекцијата на Данска.

Нашите јуниорки беа рамноправен противник во најголемиот дел од првото полувреме. По поените на Груевска, Македонија ја намали разликата на само три поени (24:27), но во финишот на втората четвртина Данска направи серија од 11:2 и на големиот одмор замина со предност од 38:26.

На почетокот од второто полувреме Македонија повторно успеа да се доближи на едноцифрена негатива (31:40), но данската селекција брзо возврати и со нова серија ја зголеми предноста на 47:31 во средината на третата четвртина.

И покрај високата негатива, македонските кошаркарки не се откажаа. До крајот на третата четвртина намалија на 42:54, а на стартот на последниот период се доближија и на десет поени (44:54). Сепак, Данска успеа да го исконтролира резултатот до самиот крај и не дозволи неизвесна завршница.

Во статистичкиот дел од натпреварот, клучна разлика направија загубените топки на македонската селекција, како и послабата реализација од линијата за слободни фрлања и зад линијата за три поени.

Најефикасна во македонскиот состав беше Пислевска со 16 поени и девет скока. Колева придонесе со 12 поени, три скока и три асистенции, Груевска реализираше 10 поени, додека Милосављевиќ натпреварот го заврши со осум поени и пет скока.

Македонија не успеа да стартува со победа на шампионатот, но прикажа борбена игра против силната селекција на Данска. Шанса за првиот триумф ќе имаат денеска, кога од 20:00 часот ќе се соочат со репрезентацијата на Грција во натпревар од второто коло во групата „Д“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!