Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските тенисери до 18 години шести на „Summer Cup“ во Анкара

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 18 години го освои шестото место на зонскиот турнир „Summer Cup“ во Анкара, откако во вчерашниот дуел за петтата позиција беше поразена од селекцијата на Хрватска со 2-1.

По израмнетата борба во сингл натпреварите, победникот беше решен во мечот во двојки, каде Кристијан Јанев и Ерион Незири загубија од Георге Гњидиќ и Хрвоје Јутреша со 2-1 во сетови.

Македонскиот дубл одлично го отвори натпреварот и го освои првиот сет со 6:4, но хрватските тенисери возвратија со 6:3 во вториот сет. Во решавачкиот супертaј-брејк тие беа посигурни и славеа со 10-6.

Претходно, Македонија поведе со 1-0 благодарение на победата на Кристијан Јанев над Ивон Јовановиќ со 2-1 во сетови (7:6(5), 1:6, 6:4). Хрватска израмни преку Георге Гњидиќ, кој беше подобар од Ерион Незири со 2-0 во сетови (6:2, 6:4).

На турнирот во Анкара, македонските тенисери во првото коло загубија од Турција со 3-0, а потоа остварија убедлива победа од 3-0 над Црна Гора.

Победник на Д зоната на „Summer Cup“ е Турција, која во финалето ја совлада Романија со 2-0 и обезбеди пласман понатаму.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!