Останато

Марко Алексовски го освои третото место на Ј30 турнирот во Софија

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15) продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена, откако го освои третото место на ИТФ турнирот „Дема Куп“ од категоријата Ј30 во Софија. Во денешното полуфинале тој беше поразен од бугарскиот тенисер Мартин Бонев со 2-0 во сетови (7:6(5), 6:2).

До полуфиналето, Алексовски забележа четири убедливи победи. Во групната фаза најпрво го совлада Гркот Јоанис Мацокас со 2-0 (6:3, 6:0), потоа беше подобар од Бугаринот Кристијан Стефанов со 2-0 (6:1, 6:1), а во последниот натпревар од групата го победи Доминик Чопек од Велика Британија со 2-0 (6:0, 6:3). Во четвртфиналето го елиминираше романскиот тенисер Матеј Суцу, исто така со максимални 2-0 во сетови (6:3, 6:1).

Со ова Алексовски ја продолжи успешната серија настапи на ИТФ турнирите за тенисери до 18 години. Само една недела претходно тој играше во финалето на турнирот во Солун, а без поголема пауза настапи и во Софија, каде повторно стигна до завршницата.

По краток одмор од два дена, Алексовски веќе од понеделник ќе настапи на ИТФ турнирот од категоријата Ј60 во Скопје, кој ќе се игра на терените на ТК Југ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!