Прва лигаФудбал

Аган Сулејмани си заминува од прволигашот Башкими!?

Сподели
Сподели

Талентираниот напаѓач Аган Сулејмани е пред заминување од кумановскиот прволигаш Башкими.

21-годишниот фудбалер беше дел од почетниот состав на Башкими во натпреварот против Силекс од првото коло на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, кој кумановскиот тим го загуби со убедливи 6:0 во рамките на првото коло од новата сезона.

Според информациите, се очекува Сулејмани кариерата да ја продолжи во друг македонски клуб, со што ќе стави крај на своето поглавје во дресот на Башкими. Официјалната потврда за трансферот се очекува во наредните денови.

Инаку, пред извесен период тој направи трансфер во хрватскиот клуб НК Радник Крижевци, но по краток престој повторно се врати во редовите на Башкими.

Сулејмани е еден од најперспективните млади фудбалери од Куманово и настапува на позицијата централен напаѓач. Роден е на 5 март 2005 година, а во моментов е член на репрезентацијата на Македонија до 20 години. Со оглед на неговиот потенцијал и развој, се очекува во иднина да добие повик и во младата репрезентација на Македонија до 21 година.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со висока победа против Истатов, Панеска беше стрелец на пет гола

Тиверија Брера експресно се врати на победничките патеки, откако на домашен терен...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Нова победа на амбициозниот Илинден, триумф над Башкими Љуботен

Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува да нижи победи, но и да ги полни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!