Останато

Марко Алексовски по финалето во Солун продолжува со настап во Софија

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15) оствари уште еден забележителен успех на меѓународната сцена, откако се пласираше во финалето на ИТФ Ј30 турнирот во Солун за играчи до 18 години.

Алексовски турнирот го започна од квалификациите, а со одлични настапи успеа да стигне до финалниот меч. На патот до завршницата одигра вкупно осум натпревари, забележа седум победи и покажа одлична форма. Највпечатлива беше победата над првиот носител, на кого му дозволи да освои само четири гема.

Во големото финале му недостасуваше малку среќа за да стигне до титулата, но и покрај поразот, неговиот настап во Солун претставува значаен успех и уште една потврда за неговиот голем потенцијал. На само 15 години, Алексовски продолжува да бележи одлични резултати и да најавува успешна иднина во македонскиот тенис.

Во најголемиот дел од мечевите Алексовски играше против тенисери, кои се две до три години повозрасни од него.

Резултати на Марко Алексовски на Ј30 Солун:

  1. коло (квалификации): Одисеас Константину (Грција) 2-0 (61 60)
  2. коло (квалификации): Фоивос Фасас (Грција) 2-1 (62 36 10-5 на поени)
  3. коло (квалификации): Тајсон Себастијан Грант (Италија) 2-0 (63 64)

Резултати на главниот турнир:

  1. коло: Енцо-Зепир Ле Кадре (Франција) 2-0 (60 64)
  2. коло: Александрос Аверис (Грција, 1 носител) 2-0 (61 63)

1/4 финале: Едоардо Пањони (Италија, 5 носител) 2-1 (64 46 75)

1/2 финале: Денис Валентин Драгомир (Романија) 2-0 (61 62)

Финале: Лазар Младеновиќ (Швајцарија, 2 носител) 1-2 (46 75 46)

Марко Алексовски нема многу време за одмор по одличниот настап во Солун. Веќе од денес го очекува нов предизвик, настап на ИТФ Ј30 турнирот во Софија, каде повторно ќе се натпреварува во конкуренција на тенисери до 18 години.

По финалето во Грција, младиот македонски тенисер ќе се обиде да ја продолжи одличната форма и да забележи уште еден значаен резултат на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!